Американскиот актер Мики Рурк (65) неодамна беше на петтата хируршка операција на носот. Тој го скрши носот на бокс двапати. Актерот призна дека првиот пар бил кај „погрешен човек да го исправи“.

„Првиот пат кога ја менуваа мојата ‘рскавица, тоа не беше добро, па мораше тоа да го сторат повторно“ изјави актерот.

Мики Рурк кој пленеше со својата убавина во филмовите „Девет и пол недели“ и „Ангелско срце“, а медиумите го нарекуваа „новиот Џемс Дин“, денеска е само поранешент секс симбол кој изгледа непрепознатливо.

Актерот има и неколку тетоважи по телото, неколкупати ги „испумпа“ усните, ги оперираше спуштените капаци, го санираше прегризениот јазик, скршените ребра и прстите, и ја затегнуваше кожата и има вградени импланти за коса. Затоа тој сега редовно носи перика.