Милчо Манчевски: Грчев во Дебар Маaло направи ДУП за урбаната мафија

Во интервју за off.net.mk режисерот Милчо Манчевски збкрува за новиот филм, за тоа зошто во секој нов проект има нов пристап но говори и за Скопје и уништеното Дебар Мало.

Кога сте во Скопје најчесто сте во Дебар Маало. Што Ве врзува за него, дали Ви се допаѓа ова сега ново, поинакво, еднонасочно, претрупано, загаденкоо, боемско…. Дебар Маало?

Дебар Маало е покојно. Го погребаа лакомите градители и дебарамаалци – за дуќанче и станче ја продадоа иднината на своите деца. Сега сите се гушат, ама дуќанчето го имаат. Со помош на општинските власти и урбанистите, Дебар Маало можеше да го задржи духот на старо маало, кое не се крева многу високо како што тоа се случи во Рим со Трастевере, или со Париз со Левиот Брег или во Њујорк со Гринич Вилиџ. Тоа подразбираше степен на конзервација и поглед во иднината. Наместо тоа, Миро Грчев им направи нов ДУП по потребите на урбанистичката мафија со максимата „Сите ќе ве направам богати“, урнек за урбан геноцид, па сега се чудиме што имаме вертикална касаба. Таа касаба е конкретна реализација на ДУП-от што тој го нарача и нацрта пред точно 20 години.

Останува ли време за каква било љубов по сите промоции, снимања, предавања, награди и фестивали?

Се разбира.

Може ли Ве молам да ми кажете дали кругот е тркалезен?

Кругот е како пита пастрмајлија!

Целото интервју тука