Монаси го чистеа патот Маврово – Дебар

Монасите од Бигорскиот манастир гo расчистија и деблокираа патoт по снежната лавина што го затрупа патот Маврово-Дебар во западниот дел на Република Македонија, пишуваат бугарски медиуми.

„Благодарение на нивната интервенција патот беше исчистени и успеавме да се прибереме дома”, раскажа градоначалникот на општина Маврово-Ростуше, Медат Куртовски.

„Ние побаравме помош од игуменот на Бигорски манастир, архимандрит Партениј, кој веднаш одговори на на нашето барање. На место пристигнаа монаси кои го расчистуваа патот… Подоцна пристигнаа уште два багери од локалната самоуправа, но монасите од Бигорски манастир веќе го расчистија  патот од снежната лавина“ рекол Куртовски.

На патот имало над 1.000 кубни метри. снег, камења и дрвја, поради што беше затворен околу три часа.