Мора ли Македонија да капитулира? – Пишува Мартин Анастасовски

Дипломецот на американскиот универзитет Монклер во студија за односите меѓу Македонија и Грција под наслов “ТЕСНИОТ ГРЧКИ НАЦИОНАЛИСТИЧКИ ПОГЛЕД НА МИНАТОТО ГО ПАДНА ИСПИТОТ НА СЕГАШНОСТА” објаснува дел од прашањата кои што досега македонската наука и медиумите не ги покренале како релевантни.

Пишува Мартин Анастасовски

Изјавите на медијаторот Нимиц по средбите што тој ги оствари на втори февруари со претседателот Ѓорѓе Иванов и министерот за надворешни работи Никола Димитров, предизвикаа заедничка согласна нота од страна на грчкиот дипломатски корпус. Оваа изјава го утврди ставот на владата на Грција во однос на идентитетот на македонците и патем за првпат во преговорите Грција истакна дека идентитетот е предмет на промена и мора да биде редефиниран доколку Македонија сака да стане член а НАТО и ЕУ.

Изјавата на грчката дипломатија всушност беше предизвикана од изјавата на Нимиц во која тој кажа дека за време на неговата посета на Грција тој не слушнал искази од грчката страна што задираат во македонскиот националнен идентитет. Весникот Екатимерини пренесе порака од грчки дипломатски извори во која се истакнува „јасната позиција во однос на проблемот со идентитетот на малата балканска нација“…

„Ние не ги толкуваме изјавите на господинот Нимиц и тој не би требало да ги толкува нашите позиции. Според грците, словенското население на БЈРМ не може да има македонски идентитет или јазик бидејќи Македонците се дел од грчката историја уште од времето на воините-кралеви на древната Македонија“.

Токму од зад ова главно упориште во преговорите, кое се темели врз древната историја, Грција е одлучна да го погази правото на самоопределување на македонците и на тој начин да присили друга нација да го фрли во заборав своето национално паметење и потоа да си замисли нов идентитет, доколку сака да постои како нација во рамките на државата во која постои. Дури и на пилците низ европското пространство им се провидни апсурдните барања на Грција, како и тоа дека древната историја, како потполно непрактична област за носење констатации, се натура како проблем во реалната сфера на меѓународните односи и геополитиката. Што може Македонија да направи наспроти сево ова?

Македонија не е вична да собере меѓународна поддршка која ќе и нанесе притисок на Грција да го прилагоди нејзиниот став наспроти ситуацијата. Доколку спорот со името продолжи и Македонија не стане дел од НАТО и ЕУ, притисокот ќе биде врз Македонија – велат политичките аналитичари во државата. Тоа и се подразбира со оглед на изборот на начини преку кои може да се присили една мала земја што има разни внатрешни проблеми. „Некој“ може да ги „испрати“ албанците, на пример, преку било кој настан што може да се искористи за јавни националистички егзибиции чија цел ќе биде да се иритира остатокот од населението и да се одоговлекува стагнирањето, или пак, ако милуваме, спорадичниот напредок. Или пак „било кој“ може да употреби финансиски трикови што ќе им залепат разни тарифи на македонските извозни продукти со цел да се упати серија удари на домашната економија.

Па се покрева прашањето, која е крајната точка на претставата? Дали Македонија мора да капитулира за да се одмрси чворот на сила, или пак сме способни да се надминеме сите ние на Балканот и да му направиме услуга на овој неупатен регион, бидејќи од зад решенијата ќе следуваат повеќе напредок и корист за сите, отколку што тоа можат да ни го донесат националистите со стиснати тупаници. Се што е потребно е да се покаже добра волја.

Но, да се вратам на грчкото упориште во древната историја, зад кое стојат и закоравените како и латентните грчки националисти. Сметам дека е нужно да се потсетат грчката дипломатија и научните и образовни институции на оваа земја, за тоа дека нивните ставови во поглед на древната историја се крути и еднострани и неразумни, и како такви не оставаат место за отворено толкување на податоците и не дозволуваат дијалог. Доколку древната димензија на спорот за името некогаш бил оставен на експерти на таа тема, нејзината улога ќе беше намалена во помалку битен фактор на одлучување во крајното решение.

Во споредбен контекст, ако историјата е толку „осетлива“ тема за грчката држава, тогаш таа е од подеднаква или поголема важност за иднината на целиот Балкан. Конректно – државно-нарачаните или поддржани конструкти на модерните националните идентитети кои не се вкоренети во современите предизвици и визиите за иднината се во зачеток антидемократски и непопустливи наспроти еволутивните процеси на регионалната интеграција. Друг поглед во таа насока ни предочува дека без значителен труд во интеграцијата земјите на Балканот ќе продолжат да бидат во економската периферија или пак ќе се слизнат подалеку од европското средиште.

Па се прашувам, што е решението за тврдиот државно-нарачан и државно-поддржан ултиматистички национален наратив (Македонија е Грчка) кој причинува толку многу непотребни невољи во овие незгодни времиња и кој и пркоси на идејата на европската визија за иднината? За почеток, треба да ја согледаме потребата од расклопување на било кој националистички мит или наратив кој стреми да издигне една нација наспроти други (или сите останати)(1). Тоа мора да биде така бидејќи овие митови, кои се во потентната форма на ексклузивниот национализам, секогаш ќе бидат бариера на напредокот, како што токму овој мит е железна врата наспроти достојното решавање на спорот со името, затоа тоа што е игнорантен за фасцинантната комплексност на настанувањето на овој историски, јазичен и културно разновиден и многуслоевит регион на Европа.

Именување и преименување

Оваа мала потрага ќе ја започнам со отварање на поглед во брзоплетиот проект на грчкото државотворење од зачетокот на грчката држава. Само еден мал детаљ ни открива дека Хеленската гордост на модерната грчка нација била наметната врз дисконтинуитетот на културната традиција чија светост таа навидум ја одржува. Со други зборови, тврдењата за временоско и просторно поседништво на земјата и историјата од страна на денешните Грци било можно само преку бришење и фрлање во заборав на претходните култури и традиции кои постоеле зад денешните граници на оваа држава.

Доказ во случајот е споменикот наречен Гроб на Непознатиот Војник кој се наоѓа веднаш до зградата на грчкото Народно Собрание, пред кое десетици илјади Грци се насобраа за време на протестот (4 февруари) за зачувување на грчкиот карактер на Македонија. Во изградбата на споменикот, од 1930-32, архитектите на грчката држава сакале во ѕидовите да бидат врежани местата каде што грчката војска ги војувала за неа историските битки, вклучувајќи ја и војната во Кореја (под знамето на ОН).

Сепак, повеќето од градовите и селата каде што војувала грчката војска биле во Грција или на Балканот, па така на споменикот се наоѓа детаљ кој штрчи. Имено, некои од градовите и селата на ѕидот се врежани со нивните првобитни топоними, за истите тие подоцна да бидат заменеи со грчки имиња, со цел да се зајакне гркството на новодобиените територии. Постои некоја чудна врска помеѓу грчката држава и менувањето на имиња.

Па така на ѕидот се нашле имињата на села во Северна Грција што во паметењето на соседниот народ се познати како Баница (на ѕидот ΜΠΑΝΙΤΣΑ) кое на грчки се нарекува Карие и Символи; селото Пецово (ΠΕΤΣΟΒΟ); топонимот Островон (ΟΣΤΡΟΒΟΝ)(2) близу границата со Република Македонија, кое денес се вика Арниса; топонимот запишан како ΣΟΡΟΒΙΤΣ денес е заведен како Аминтео, а селото порано се викало Суровичево и во XV век било населено од 700 македонци, 35 турци и 30 роми.

Очигледно е дека во грчкиот државотворен проект се покажуваат непостојаностите: местата што некогаш биле населени од македонци, албанци, турци, власи, роми и бугари ги задржале своите првобитни, во главно македонски топоними, но последователно тие биле грцизирани. И интересно е тоа зошто државата не ги отстранила овие блокови, доколку тоа било технички возможно, за да ги замени со сегашните топоними и со тоа да ја покрие дупката во националниот наратив (3), но најверојатно тоа и не е толку битно кога истата држава располага со она што за нас е „спорот за името“ зад кој стои со сета нејзина дипломатска тежина.

Вие и вашите сеќавања сте забранети!

Во продолжение ќе им попркосиме на откачените тврдења според кои македонците дошле топтан од зад Карпатите, со што тие немаат никакви врски со древните македонците. Тоа дека древната македонска традиција се провлекла и опстанала низ вековите може да се види од мноштво од факти и детаљи кои вклучуваат лични имиња и имиња на населени места, дел од кои се исклучиво присутни во оваа земја.

Во македонската традиција на кратење или нагалување на личните имиња (како Александар-Сашо, Санде или Ацо; Атанас-Тане, Дончо-Доне, итн.) опстанале неколку древни македонски имиња кои биле пренесувани низ генерациите. На пример, такво име е Гоне, кое потекнува од Антигон, кое наспроти постојното објаснување на потеклото најверојатно има предгрчка етимологија поврзана со брзина или трчање. Антигон Едноокиот бил македонски генерал во времето на Филип II и Александар, и бил основач на династија. Неговата слава била причина името да им се пренесува на поколенијата, па така во османлиските пописни тефтери низ целата Македонија го среќаваме името Гоне. Иако ова име подоцна излегло од мода, тоа останало сочувано во презимето Гонев кое го има во источна Македонија, што сугерира на континуитет на пајонскиот елемент на територијата на оваа земја.

Името Толе најверојатно потекнува од Птоломеј и династијата Птоломејци која владеела со Египет и која несомнено одржувала врски со Македонија. Ова име исто така фигурира во османлиските пописни тефтери од XV век. Едно од преданијата за настанувањето на името на градот Битола е токму поврзано со името Толе; имено, наспроти првиот бран на османлиското надоаѓање, во Битола постоел првенец кого жителите го извикувале како заштитник: би-Толе, би-Толе. Воспротива чудно може да се објасни непознатоста на другото име на Битола – Манастир, кое останало во паметењето на грците, турците и албанците.

Потоа името Минчо, во отсуство на друго објаснување за неговото потекло, може да е дериват на името Аминта. Името Ропе кое е запечатено во егејското македонско презиме Ропев/Ропевски може да има неколку евентуални потекла: од името Дропида – татко на Клетиј црниот; другата веројатност е во името Европа; и останатите веројатности за потеклото се или во името Дропион – пајонски крал, или Астероп, исто така Пајонец и воен првенец, односно челник (4) кој се споменува во хомеровата Илијада (5).

На еден од камените блокови на амфитеатарот во Хераклеа, Битола пишува ПАЈОНИЈА, што укажува на дипломатските односи и поврзаноста помеѓу македонските династии и пајонските владетели

Што се однесува до горниот пасус, се насетува поврзаност помеѓу споменатите имиња со тоа што секое од нив го содржи гласот „роп“, кој пак можеби е остаток од претхони културни и јазични слоеви кои го оставиле својот белег на Хаемовиот полуостров (балканот); според тоа, и според една мрежа на податоци, и грците како и македонците и пајоните се настанати како производ на постојано мешање и придодавање на нови и стари племиња, на постоечки и дојдени култури и јазици.

Во егејските села што порано броеле македонско население во турските тефтери се појавува личното име Куманче (димунитив на Куман), што предлага до каде бил опсегот на племето Кумани. Овие номади од степите на евроазија се населиле во Македонија и се влеале во населението, и го оставиле својот белег. Освен тоа што му го дале името на градот Куманово и на селото Куманичево во тиквешко Мариово, и во северна Грција има две села со исто име – Куманич, едно во драмско а другото во реонот на Бер.

Vo XV век се среќаваат и имињата Брајан, па и Рајан – крајно нетипични за овој дел на Европа бидејќи нивното потекло се лоцира во келтскиот јазик. Иако овие имиња ги среќаваме во поголем број на села во Македонија, од некоја причина тие биле оставени во тоа минато, но се појавуваат повторно во изменета форма, како Рајко, а опстанале во презимињата Брајков/ски и Рајков/ски.

Уште подалечни влијанија

Не беше одамна кога оној грубо натурен процес на запознавање со древните допирни точки во македонската култура го нарекуваа антиквизација, и сето тоа беше толкувано од гласниците на здравиот разум како нешто што е ново и неприродно за нашиот народ. А сепак, во османлиските пописни тефтери од XV век неретко е запишано името Филип, но во неговата вернакуларна форма, и тоа како Вилип. Секако дека фигурира и името Александар, но скратно, во формите Алексо и Алек. Потоа во овие книги се наоѓа и едно крајно необично име во неколку села во северозападниот предел на земјава– името Агријан, кое најверојатно е артефакт од пајонското племе Агријани кои тогаш го населувале северниот дел на Република Македонија.

Потоа имаме уште едно необично име кое е исклучително за Македонија – Индо, кое било сочувано во семејното име Индов/Индовски. Единственото објаснување за потеклото на ова има може да се даде од постоењето на реон кој во антиката се нарекувал Синтија, како и градот Синд, кои се наоѓале во Пајонија или поточно во пределот на денешен Дојран. Можно е и тоа потеклото на ова има да има многу подалечно минато од древните македонци, затоа што созвучува со народот Синди од северна Индија, како и реката Синд (денес Инд). Ова претставува само еден детаљ од населувањето на индо-ирански народ, во двата можни миграциски правци и два временски оддалечени периоди во неговото доаѓање – едниот правец од индо-иранските предели и преку Мала Азија, а другиот правец низ источна Европа, по западниот брег на Црно Море, од XVII до XII пред новата ера.

И кога сме веќе на тема миграции, токму во тој временски период во историјата се споменува името Алакшанду (6) што имплицира дека монолитното запоседнување на историјата е слепо наспроти сложеноста на културната фузија, населувањата и взаемното позајмување и пренесување на зборови во јазиците.

Потоа, во некои од женските имиња во Македонија наоѓаме дополнители докази за фасцинантното мешање на културни влијанија во овие предели. Името Кала (најверојатно од индо-иранско потекло) било мошне популарно низ целата Македонија во XV век. Името Арменка покажува на ерменско влијание, како и селото Арменско или Алона во денешна Грција, до границата и близу Битола. Името Перса кое до неодамна го носеа некои од најстарите жителки на Македонија, го одекнува името на древниот цар Персеј, што пак се поврзува со ахаеменидското (иранско) влијание во Македонија кое датира од петтиот век п.н.е. кога целата Македонија цел еден век била под власт на оваа династија, за разлика од Грција која не била. Тука се покрева и прашањето дали иранската ахаеменидска династија наишла во Македонија на взаемно разбирлив лексикон на зборови кај жителите на Пајонија и Тракија, на што одговорот тежнее да биде потврден.

Варуна живеела во 15 век во селото Лундово, јужно од Костур, односно Крија Нера во Северна Грција.

Името Варуна се појавува во неколку македонски села во денешна северна Грција. Потеклото на ова име може единствено да се поврзе со небесното божество од древните Веди. Во аријскиот лексикон зборот вари и македонскиот и словенски збор вари го имаат потполно истото значење. Најверојатно божеството Варуна било поврзано со небото поради топлината што ја оддава сонцето, па од таму и името. И уште една кратка белешка за зборот вари – тоа дека стариот главен град на Кипар се викал Вароса, што не е необично име за градови на Балканот; имено, познато е дека речиси сите стари градски јадра на денешните градови во Македонија се нарекувале варош: варошот на Охрид, варошот на Прилеп, Гостивар; потоа Варна во Бугарија, Варанаси во Индија, Ференцварош во Унгарија, па дури и селото Лисдоонварна во Ирска каде што се наоѓаат извори на врела вода.

Името Роксана, како и нејзината машка верзија Роксан, се појавуваат низ минатото во западниот дел на Македонија, особено во мијачките села. Потеклото на ова име е од принцезата на Согдија со која се оженил Александар. Таа се преселила во Македонија заедно со нивниот син, и наследник на царството, за да бидат заштитени од Олимпија. Поврзаноста помеѓу освојувањето на Александар и Согдија е запечатено и на многу посодржителен начин покрај името Роксана. Имено, Јагнобите, народ во Таџикистан, зборуваат остаток од Согдискиот јазик во кои наидуваме на зборови што звучат слично или исто и имаат исто или слично значење со јазикот на кој пишувам – на пример на Јагноб зборот за јазик е зивук а за нас звук е исто што и vox на латински.

Податоците за индо-ирански миграции и нивното влијание на балканот, и во нашиот случај нивното влијание на Македонија, водат до неколку места каде веројатно се задржал нивниот пред древномакедонски топоник. Некои од тие места се селото Ничпук кое има свои еквиваленти во Иран и во Индија; Арматуш во Пелагонија; Пешкопеја на границата со Албанија кое потекнува од зборот пеш кој го делиме со грчкиот јазик, затоа што пешадијата на Филип била наречена пешетарои; потоа селото Пишкупати од албанската страна на Охридско езеро; селото Бадар на реката Вардар потекнува од зборот вардара во кој се содржи зборот вари, а и двата се запишани токму така во санскритскиот лексикон.

Ќе направам и краток осврт на древниот и предмакедонски народ Фриги кој постоел во Анадолија. Претпоставката е дека овој народ имал роднински врски со Бригите од Балканот, бидејќи првите се преселиле од овие предели во Мала Азија. Сосема е веројатно дека овие народи одржувале полуномадски односи и се посетувале меѓусебно и попатно проаѓајќи покрај други народи (низ Тракија) со кои делеле сличен јазик и култура. Како и да било, Фригите, кои војувале на страната на Троја против Ахајците (подоцна Спарта), ни оставиле еден културен артефакт а тоа е онаа капа што ја носат штрумфовите. Самиот принц Париз и другите Тројанци ја носеле фригиската капа која до пред неколку децении ја носеле селаните низ Македонија и дел од Бугарија.

Фригиската-тројанска капа
Македонско оро во Австралија; двајца од играорците ја носат фригиската капа

Историјата е дигитална

Споменатите податоци им даваат тежина на елементите што го сочинуваат историското минато на географскиот реон Македонија, кој ги содржи сите овие народи, вклучувајќи ги и македонците. Ова се факти што не можат да бидат потиснати или избришани од постоењето преку дипломатски присилби. Достапноста на интернетот исто така го ослесни последичниот феномен на дигитализирање на историски документи и литература. Затоа што историјата е денес дигитална, таа стана достапна до широк број луѓе (вклучувајќи ги и аматерите и дилетантите) а тоа ни овозможува да одново да ги обмислуваме и толкуваме фрагментите што ја сочинуваат сликата на нашето минато како човеков вид. Овој развој е повеќе од добредојден затоа што во изминатите децении некои луѓе, тргнувајќи од нивните предрасуди, изградија и наметнаа цели наративи кои причинија не мал број луѓе да имаат извитоперени погледи за сопственото минато или пак за минатото на нивните соседи, или пак за луѓе кои потекнуваат од чуден и претходно непознат културолошки контекст.

По повеќе од еден век на конзумирање на странска пропаганда насочена кон де и ре национализирање на населението, народот во Македонија започна да ги собира расфрланите камчиња што го сочинуваат македонскиот мозаик. Не сум изненаден, ниту пак некогаш сум стравувал да дознаам, од тоа што нашиот мозаик го одразува не исклучокот, туку правилото што се однесува на модерните нации: тоа дека зад вулгаризираната фасада на националните проекти се кријат безброј детаљи во кои се содржи природната тенденција на обмислување на тој проект од национален во интер-национален.

Во светлината на ова тврдење се гледа дека решеноста на грчката држава да го избрише она што не може да се избрише само ќе причини да се продлабочи длабината на резбите во културната плоча. Од тоа може само да се издигне посилен глас на негодување, отпор и ширење на информациите пто не можат да се задржат благодарение на интернетот: тоа дека провидноста на грчкиот националистички статизам ќе биде извикана преку јавни предавања, симпозиуми, документарни филмови, годишни средби на децата бегалци и нивните потомци – и тоа не само на еден континент. На овој начин многумина во Грција ќе треба да се справат со помислата колку била грчка древната Македонија; дали, или пак колку има право Грција да ја поседува древната историја; како се проширила грчката држава и што станало со оние што не станале Грци; и за крај но не и последно, прашањето на постнационалната неизбежност – дали митот на создавањето на мојата нација има некакво значење наспроти проблемите на денешницата?

Тогаш зошто треба државата да им „помага“ на учесниците во нацијата да се пронајдат во неа, така што им го ограничува нивното себеспознавање како поединци низ монолитен национален идентитет, додека во истовреме, во ова современие, идентитетот на моето Јас тежнее кон откинување од ланците на токму таквиот еднонасочен национален идентитет?

За крај на разговорот само ќе кажам дека политичкото однесување од страна на Грција, какво што го забележуваат политичарите во Европа, како и некои главни медиуми (Der Spiegel), како и остатокот од светот (повеќе од 130 земји ја признаваат Република Македонија под уставното име), е вистински „нон-сенс“. Од едноставното согледување на фактот дека древната историја не може да има било какво значење или пак практична примена во импликациите на меѓународните односи, посочува на тоа дека грчкиот политички естаблишмент во моментот е главната пречка на напредокот и интегрирањето на балканскиот регион. И понатаму, одржувањето на едностран поглед на историјата исто така значи дека низ ист таков поглед се согледува и комплексноста на сегашноста, што пак е на огромна штета на мнозината овде, вклучувајќи ги и луѓето во Косово и Босна и Херцеговина.

Фусноти:

1) „Кога мојот народ пишуваше филозофија твојот народ висеше на гранки“ – цитат од филмот „Мојата голема мрсна грчка свадба“

2) Интересно е што некои сколари се на мислењето дека жителите на Пајонија зборувале некаква форма на словенски јазик. Џон Шеј го поистоветува пајонскиот топоним Астраион со зборот остров, додека древниот град Билазора се преведува едноставно како Бела Зора. Древномакедонскиот главен град Пела потекнува од зборот бела. “Macedonia and Greece: The Struggle to Define a New Balkan Nation, p52”

3) Што се однесува до Македонија, отсуството на државотворен проект и зачувувањето на постоечките топоними, може да се види од останувањето на турските топоними, особено во источниот дел; ова укажува дека македонската држава не се вдала во бришење на културното влијание на турците или било кој друг народ.

4) И древните Пајонци како и древните Македонци го користеле зборот челнику како титула за воен стратег.

5) Види Васил Чулев “Ancient Macedonia — Paionia

6) The Aryans by V. Gordo