Марко Ројс од Борусија Дортмунд повторно се повреди и најверојатно може да не игра до крајот на годината, информира „Билд“.

27. годишниот германски репрезентативец заработи повреда на десното колено за време на финалето на Купот на Германија, кој „жолто-црните“ го добија со 2:1 против Ајнтрахт Франкфурт. Ројс беше принудно заменет по првото полувреме.

Според влијателниот германски весник, Ројс ги скинал лигаменти, а неговото закрепнување би можело да трае шест месеци.