Преубав ден во кој православните верници го празнуваат светецот Ѓорѓија. Овој ден, освен како семејна слава, се празнува и како именден и како слава на цели села и градови.
Свети Великомаченик Георгиј Победоносец (во народот познат како Свети Ѓорѓија) живеел и страдал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година), во чие време се вршело прогонство и убивање на христијаните. Свети Георгиј, син на набожни родители и добар Христов војник целиот живот го псоветил на верата во Христа.
Приказот на свети Ѓорѓија како ја убива ламјата е заснован на попууларна легенда во христијанската митологија. според легендата Св. Ѓорѓија ја убил ламјата што на народот му правела голема штета. Во 494. тој е прогласен за светец, од страна на Гелазиј Први (492—496).