ПСЖ објави дека по деталните лекарски прегледи кај Нејмар е констатирана скршеница на коска во стапалото и дека Бразилецот ќе отсуствува подолго време, а веројатно следи и опирација. Најскапиот фудбалер на светот се повреди во француското дерби и тоа практично без контакт и сите беа загрижени за состојбата на напаѓачот односно шансата тој да заигра следниот вторник кога неговиот тим ќе се обиде да ја надокнади негативата од 3-1 против Реал Мадрид и да стаса до 1/4 финалето во Лигата на шампионите. Освен Нејмар светците во тој дуел со европскиот првак нема да можат да сметаат и на важниот дефанзивец Маркињос кој исто е сериозно повреден.