По тридневнaта борба за круната беше избрана сениорската убавица на САД. Победата ја однесе дамата од Њу Џерси, Каролин Слејд Харден која има 73 години. Натпреварот не е новитет и се организираше по 39 пат, а основан е од страна на д-р Ал Мот и се однесува на жени меѓу 60 и 90 години.

„Сакав да се види дека не се само за столица за лулање иако имаат повеќе од 60 години. Има толку многу убави и талентирани жени тука“ изјави МОТ.

Тридневниот натпревар за Мис на САД во 2017 година во оваа категорија се одржа во Атлантик Сити. Мисиците се обидуваат да ги покажат и другите своите таленти, а не само убавината.

„Годините не се тоа што треба да ве дефинира“, изјави минатогодишната Мис, Пеги Ли и додаде „Никогаш не сте премногу возрасн за да имате соништа, и никогаш не сте премногу стари за да се стекнете со нови пријатели и да почнете одново”.