Никол Кидман е една од оние луѓе кои се решени да го негуваат својот природен тен, па заради тоа, таа максимално го избегнува сонцето за да не и наштети на природниот изглед. Австралиската актерка овој месец ќе полни 50 години и може да се пофали со нејзиниот совршен изглед и затегнато лице без брчки.

Таа велат дека никогаш не се сонча затоа што го сака својот природна бел тен и е убедена дека на кожата и нејзиниот младешки изглед на лицето ќе му наштети токму сонцето, па затоа не се  откажува од долгогодишна пракса. Кидман е една од најуспешните актерки и по висината на надоместоците што го заработува, но, исто така, и поради повеќе улоги за паметење што ги има остварено на големиот екран. Таа беше во брак двапати. Со Том Круз беше во брак 1990-2001. година и имаат две посвоени деца, ќерката Изабел Џејн и синот Конор Ентони. Пет години по разводот со колегата, Никол се венча со кантри пејачот Урбан Кит, со кого со помош на сурогат мајки доби две ќерки Сандеј Роуз и Вера Маргарет.