Нимиц и преговарачите декор, името ќе го решаваат работни групи

Министрите за надворешни работи на Грција и Македонија ја преземаат работата во свои раце.

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров во интервју за Ројтерс изјави дека Македонија и Грција се согласиле да формираат работни групи, предводени од министрите за надворешни работи кои ќе водат разговори за решавање на 25-годишниот спор за името.

Првата средба на работните групи, треба да се случила веќе во февруари, а работните групи предводени од министрите директно би преговарале за можните решенија за спорот со името.

„Имаме голема одговорност. Но, јасно е дека идентитетот е важен за нас. Мора да најдеме начин да ги убедиме нашите грчки колеги дека има јасна дистинкција меѓу нашата земја и регионот во северна Грција“- изјавил Димитров.

Димитров е умерен оптимист за изнаоѓање решение.