Нимиц ни носи тест, тврди дека не донесол предлог за името (Видео)

По повеќе од 2 години медијаторот и специјален претставник на Обединетите Нации во разговорите меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц пристигна во Скопје каде наредниве 3 дена ќе води разговори со македонскиот државен врв за спорот со името.

Во емисијата 360 на Алсат М американскиот дипломат во пензија изјави дека овој пат не носи предлог за името туку само тест за Македонија и Грција.

-Се надевам дека вниманието се враќа кон овие прашања. Тука сум да ја тестирам рецептивноста кај сите засегнати страни за сериозен напредок. Овојпат не носам нов  предлог, изјавил Нимиц.

Медијаторот и предходно изјавуваше дека за време на посетите на Скопје и Атина не носел предлози но подоцна се покажа дека со двете страни разговарал за низа суштински прашања и за конкретни предлози.

Тој вели дека е добро  и дава надеж тоа што новата влада испрати сигнали дека е подготвена да работи за добрососедските односи.

„Мислам дека ова е важен знак. Вие не можете да изгубите контакт со соседите. Можете да имате добри односи со луѓе на другиот крај на светот, со САД, со Кина, со Москва, но мора секогаш да имате добри односи со  соседите“, рече Нимиц коментирајќи ја првата официјална посета на Министерот за надворешни работи.

Нимиц  во Скопје официјално пристигна на покана на македонската Влада за да постигне напредок во разговорите за името а веднаш по посетата на Македонија ќе продолжи за Атина каде ќе се сретне со претставници на двете влади.

целата емисија на 360 на Алсат М тука