Нашиот сениорски кошаркарски селектор Јорданчо Давитков го скрати списокот од 24 на 16 имиња и со нив ќе се обиде да ја продолжи серијата победи во претквалификациите за Европското првнество во 2021 година. Нам на 25 овој месец во новиот ФИБА прозорец ни претстои дуел со Словачка во Скопје кој може да ни го бетонира првото место во групата А во која по двата триумфа со Словаците на гости и со Швајцарија дома сме лидери и многу близу до пласман во квалификациите.

Еве го составот со кој ќе им се спротивставиме на Словаците.
Ричард Хендрикс (Галатасарај)
Војдан Стојановски (Бујукчекмеџе)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје)
Александар Костоски (Питешти)
Дарко Соколов (МЗТ Скопје)
Адем Мекиќ (Куманово)
Бобан Стајиќ (Куманово)
Андреј Магдевски (Гостивар)
Ненад Димитријевиќ (Хувентуд)
Димитар Караџовски (Куманово)
Стојан Ѓуроски (Блокотехна)
Бојан Трајковски (МЗТ Скопје)
Кирил Николовски (Работнички)
Љубомир Младеновски (Илирија)
Бојан Крстевски (Работнички)
Андреј Маслинко (МЗТ Скопје)