Најпознатиот пророк предвидува неколку исклучително негативни настани за следната година, кои наводно целосно ќе ја сменат на планетата, од таква каква што ја знаеме денес.

Тој „видел“  дека светот ќе се соочи со големи промени меѓу народите и дека догодина ќе се случеле неколку големи природни катастрофи кои ќе го потресат светот.

Догодина, значи, ќе дошло до ерупцијата на Везув, по што ќе следи силен земјотрес и во овие две катаклизми ќе загинат 16.000 луѓе.

Пророкот предвидел и неверојатно силен земјотрес во западниот дел на територијата на САД, чии последици ќе се почувствуваат во целиот свет.

Се чини дека Нострадамус бил свесен и климатските промени, бидејќи тој тврдел дека „кралевите ќе ги ограбат шумите“ и „дека на небото ќе се отвори, и полиња ќе изгорат од топлина.

Некои од предвидувањата на Нострадамус се остврариле во минатото, тврдат негови „фанови“, но има и големи гафови.

На пример, тој предвидел дека во Франција во почетокот на 21-от век ќе започне војна што ќе се прошири и на остатокот од Европа и во која „ќе се судрат големите сили“. По турбулентниот период од 27 години (2025) повторно ќе имало мир, но „многу малку луѓе ќе бидат во можност да уживаатм во тоа.“

Мишел де Нотр Дам, попознат како Нострадамус, е роден на денешен ден, 14 декември, живеел во 16 век, бил признат лекар и астролог кој уживал голем углед.