Објави дека земјата изумира и си даде оставка во Владата (ВИДЕО)

Државниот секретар за демографија Младен Стрмота си даде оставка на прес-конференција во Владата на Хрватска.

Прашан што мисли за тоа што за три месеци националната комисија за демографија објавува ист план со исти мерки, Стрмота рече дека се работи за фолклор и несериозност.

Како родител на две деца со невработена сопруга и родители, тој рече дека дава оставка во Владата на земјата која изумира.