Од бугарското ВМРО ја поздравија првата „бугарска“ партија во Македонија

„Уште еден чекор во вистинската насока“е регистрирањето на првата бугарска партија во Македонија, изјави Красимир Богданов од бугарската ВМРО, која е дел од „Обединетите патриоти“.

На чело на Граѓански демократска унија е Петар Колев, поранешен член на ВМРО-БНД и претседател на Здружението за македонско-бугарско пријателство кој се изјаснува како македонски Бугарин, пишува Днес.бг.

Партијата беше основана на 18 март.

„Претставниците на другите етнички групи,исто така се членови на оваа партија, што покажува дека демократските процеси во Македонија се продлабочуваат“, рече политичарот како што пренесе Днес.бг.

Тој оцени дека односите меѓу Бугарија и Македонија се посебни и имаат доста сериозен историјат.

Оваа оценка тој ја даде во врска со посетата на македонска парламентарна делегација во бугарскиот парламент по 11-годишен прекин. Гостите од Македонија биле пречекани со аплаузи.