Олимпијакос ја победи ЦСКА (82-78), а Фенербахче беше подобар од Реал Мадрид (84-75), по што в недела ни претстои Грчко-турска пресметка за триумф во кошаркарската Евролига.

Првиот меч од Ф-4 турнирот во Истанбул беше понеизвесен, а го реши Спанулис со неколку важни поени и феноменални асистенции во финишот, додека во вториот Фенер беше константно во предност поради подобрата одбрана. Антиќ не заигра, а Богдановиќ даде 18 поена за победникот.

В недела во Семих Ерден салата прво е мечот за третото мсето меѓу најдобрите од лигашкиот дел, Реал и ЦСКА, а потоа (20.30) Олимпијакос во осмото финале ќе се обиде да дојде до четвртата, а Фенербахче во втората завршница до првата континентална клупска титула.