Опозицијата кабает за блокираните реформи и планот 3-6-9

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, не знае колку проценти од планот 3-6-9 е реализиран, но мисли дека спроведени се многу повеќе мерки од тоа што е прикажано во јавноста.

Со планот 3-6-9 Македонија е вратена на патот кон ЕУ и НАТО, прифатени се меѓународните препораки, вклучено е граѓанското општество и опозицијата.

„Процентите на реализација се многу подобри од тие што се прикажуваат во јавноста. Мерката за реформи во судството е реализирана, уникат е советот за утврдување со факти. Доцниме со Законот за судови како и Законот за судскиот совет, а тоа е поради опозицијата, бидејќи без нив, немаме 2/3 мнозинство. Измената на деловникот на Собранието е исто така мерка која доцни“, рече Османи.

Вицепремиерот за европски прашања, вели дека не сакаат да го донесат Законот за заштита на сведоци бидејќи опозицијата не се појавила на дебата. Османи истакна дека не сака да ги слуша критиките од опозицијата за планот 3-6-9 бидејќи, како што рече, поради нив доцни реализацијата. Според него, Влада ја завршила својата работата.

„Потенцирам дека овој процес е закочен поради опозицијата, не за да ги обвинам туку да ги повикам да учествуваат во реализацијата“, вели Османи.

Истакна дека не доцнат само мерките кои се однесуваат на реформи во јавната администрација, за кои рече дека е макотрпна работа. Од мерките кои се однесуваат за борба со организиран криминал реализирани се 2, а останатите имаат рок помалку од еден месец. Османи додаде дека очекува законот за јазици, наредниот период да биде реализиран, како уште една од мерките од планот 3-6-9.

Во делот на изборите, до септември Владата треба да отвори дијалог со политичките партии, но тие не се заинтересирани и не давале конкретни мерки изјави Османи. Вицепремиерот исто така додаде дека ќе се формира поголем совет кој ќе биде инклузивен.