„Како политичари кои ја добиле довербата да ги предводат своите граѓани, имаме обврска да покажеме зрелост и сериозност и да не ја пропуштиме оваа шанса – истакнал македонскиот вице-премиер за евроинтеграции Бијар Османи, по средбата со грчкит МНР Никос Коѕиас.
Оваа, 2018 година, претставува историска шанса за надминување на недоразбирањето околу употребата на името на нашата земја, Бујар Османи на денешните средби со шефот на грчката дипломатија и со заменик-министерот за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски односи на Грција, Јоргос Катругалос во Атина.
Тој додал, како што пренесува „Мета“, дека во Македонија постои „јасно изразен оптимизам за затворање на ова прашања“ и изразил надеж дека заедно со „позитивните сигнали кои доаѓаат и од страна на Грција, ова прашање конечно ќе биде надминато“.
На средбите биле отворени и темите за меѓусебната соработка, унапредување на комуникацијата, како и останатите мерки за градење доверба меѓу двете земји.
– Имаме исклучителен напредок во комуникацијата меѓу двете земји, што води кон очигледно зголемување на довербата меѓу државите, но и севкупно, зголемување на довербата меѓу двете општества – истакнал Османи, додавајќи дека само преку создавањето искрена атмосфера на доверба може да се надминат отворени прашања.