„Еден од најсмртоносните пајаци во светот може да се користи во третман на нарушен  нервен систем, вклучувајќи болка, епилепсија и мозочен удар“, велат австралиските истражувачи.

Научниците од Институтот за молекуларна биологија при Универзитетот на Квинсленд откриле дека отровот од пајаците, подобро влијае на нервниот систем, од вештачки лекови за лекување на заболувањата на нервниот систем.

Институтот за Австралија, светски лидер во студиите за лекови врз основа на отрови, во својата колекција има повеќе од 600 отрови.

„Пајаковиот отров содржи повеќе од 10 милиони различни биоактивни пептиди“, вели водечкиот научник, професорот Глен Кинг.

Биоактивни пептиди се протеини кои можат да имаат позитивен ефект врз функциите на телото.

„Ова е многу ветувачко откритието дека овој токсин може да бидат ефикасен во лекувањето на епилепсија и наскоро ќе започне фаза на клинички испитувања, со надеж дека по клиничките испитувања луѓето кои имале мозочен удар ќе можат да се заштитат од оштетување на мозокот“, изјави професорот Кинг.

Се верува дека мажјакот од сиднејскиот пајак од семејството Hexathelidae предизвикал најмалку 13 смртни случаи. Ниеден смртен случај не е  регистриран откако е откриен противотровот во 1981 година.