Палестинец со нож нападна израелски чувар (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

На главната автобуска станица во Ерусалим, денеска Палестинец со нож нападна израелски чувар.

Од нападот 25-годишниот чувар се здоби тешка телесна, а 24-годишниот палестински напаѓач, иако веднаш избегал, наскоро бил уапсен.

 

Насстанот доаѓа два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ја пресели американската амбасада од тел Авив во Ерусалим со што практично го призна Ерусалим за главен град на Израел.

За Палестинците кои со децении чекаат да се реши проблемот со кои Појасот газа, Западен Брег и Источен Ерусалим ќе станат дел од идната палестинска држава ова го сфатија како провокација и крај на мировните преговори.

Во последните два дена низ целиот арапски свет се одржуваат протести, некаде и со насилство, во врска со одлуката на американскиот претседател.

Инаку, израелските власти го опишаа нападот како тероризам, а на социјалните мрежи видео беше споделено неколку минути по нападот.

На снимката се гледа млад човек кој го крие ножот под, а потоа го зарива во градите на чуварот и бега.