Франција која е уште под аларм од можни терористички напади, денеска им оддаде почит на починатите од нападите од исламистите во Париз пред две години.

Шест напади имаше на 13 ноември 2015 година, за кои Исламската држава (ИС) ја презеде одговорноста. Денеска беа прочитаа имињата на 130 загинати во присуство на претседателот Емануел Макрон.

На комеморацијата беше присутен и Франсоа Олан, претседател во времето на нападите во Париз.

Повеќе од 240 лица се убиени во последните три години во напади од ИС, кои ги повикаа своите следбеници да ја нападнат Франција и другите држави вклучени во воената акција против џихадистите во Сирија и Ирак.

Илјадници луѓе загинаа во слични напади во Европа, особено во Белгија, Велика Британија и Шпанија.

Владата неодамна објави дека спречила 30 планирани терористички напади во последните две години.