Парламентарното мнозинство со 61 пратеник – Ахмети се сели во Скопје

Пратеник на ДУИ во партијата најавил дека размислува дали да се појави на гласањето за новата влада во Собранието по што највисокото раководство дал налог пратеникот веднаш да биде пронајден и со него отворено да се разговара зошто е незадоволен.

Извори на ДУИ за  expres.mk велат дека се работи за пратеник од гостиварско кој што не бил задоволен со одлуките на партијата во врска со неколку стратешки прашања но не знаат дали тој е дел од некоја од фракциите во партијата или делува сам.

Предходно дел од медиумите најавија дека партискиот огранок на ДУИ во Гостивар е незадоволен  од кадровската политика на раководството на партијата која што според нив морала да избере еден министер од Гостиварско како регион каде што ДУИ убедливо победува во неколку изборни циклуси.

Незадовоство било искажано и во Скопскиот огранок каде што дел од членството не е задоволно од кандидатите за министри.

Сега спорниот пратеник не бил во комуникација со своите колеги најмалку два дена пред централното претседателство на ДУИ кое што се одржа завчера ниту ги примал телефонските пораки од своите сопартијци.

Врвот на партијата засега членството го смирувало со информацијата дека пратеникот е надвор од државата но дека ќе се врати до вторник за кога е закажана седницата во Собранието за избор на нова влада.

На барање на неговите сопартијци  expres.mk не го открива името на пратеникот затоа што тој би можел да се соочи и со закани во партијата доколку опстане на идејата за бојкот на парламентот.