Префектот на Централна Македонија против Ципрас за спорот со името

„Силно не се согласувам со ставот на Владата за името на Скопје. Единственото решение што е можно во договор кој нема да го вклучува терминот Македонија во името на соседната држава и дефинитивно ќе стави крај на прашањата како што се неодговорност, пропаганда , фалсификување на историјата “, изјави префектот на грчкиот регион Централна Македонија, Апостолос Цицикостас, обраќајќи му се на премиерот Алексис Ципрас на вчерашната регионална конференција.

Ципрас во своето обраќање рекол дека сака решение, кој ќе го издржи тестот на времето.

„Тоа е причината зошто ние сме ставени во состојба, меѓу другото, да бараме  промена на Уставот на нашиот сосед“, рекол Ципрас.