Петмина Македонци уапсени во Црна Гора за перење пари

Петмина македонски државјани се дел од групата од 16 лица уапсени во Црна Гора под сомнение дека со затајување данок и со перење пари на организиран начин го оштетитиле државниот буџет за повеќе стотини илјади евра.
Лицата од Македонија со иницијали Г.Ј. (46), З.Ц. (39), Д.А. (32), В.Ч. (30) i Е.С. (43), заедно со уште 11 Црногорци, добија кривични пријави за отворање 23 фирми, преку кои издавале фиктивни фактури за неизвршени услуги, стоки и работи. На тој начин неовластено подигнале повеќе милиони евра, со што на буџетот му нанеле штета од повеќе стотини лијади евра.
Случајот е во надлежност на Специјално државно обвинителство од Подгорица.