Петмина убиени крај Москва

Неидентификуван напаѓач смртно застрелал четворица, по што полицијата го убила во местото Кратово, во близина на Москва. Убиецот користел сачмарка, а по убиствата бил опколен од силите на редот и ликвидиран, јави агенцијата ТАСС.

“Заедничката операција на Министерството за внатрешни работи и националната гарда е завршена, а опасноста е елиминирана”, рече рано утринава претставничката на Министерството за внатрешни работи, Ирина Волк, не давајќи дополнителни детали за настанот што предизвика блокада на источниот приод кон Москва.