НИТУ еден човек не сака да биде болен. Секоја болест со себе носи непријатности и трошоци. Освен што не се чувствуваш добро, кога си болен, не можеш да одиш на работа или на училиште, и не можеш да се грижиш за семејството. Можеби некој друг треба да се грижи за тебе, а можеби треба и да платиш за скапи лекови и прегледи.
Меѓу луѓето е позната изреката: „Подобро да се спречи отколку да се лечи“. Сепак, факт е дека има болести кои не можеш да ги спречиш. Но, некои болести можеш да ги спречиш или барем да го забавиш нивниот развој. Да разгледаме пет чекори што можеш да ги преземеш за да имаш подобро здравје.

ОДРЖУВАЈ ДОБРА ХИГИЕНА
Еден од најлесните начини да добиеш настинка или грип е да ги допреш очите или носот со заразени раце. Најдобрата заштита е редовно да си ги миеш рацете. Освен тоа, со одржување на хигиена може да се спречи ширењето на посериозни болести, како што се пневмонија и цревни зарази. Од овие болести секоја година умираат повеќе од два милиони деца на возраст под 5 години. Исто така, ако редовно се мијат рацете, може да се намали и ширењето на смртоносниот вирус ебола.

КОРИСТИ ЧИСТА ВОДА
Во некои земји, луѓето мора сами да се погрижат да најдат чиста вода за нивните семејства. Всушност, во секој дел од светот пристапот до чиста вода може да биде отежнат доколку главниот извор од каде што се снабдува населението со вода за пиење се загади поради поплава, бура, пукната цевка или нешто друго. Ако водата доаѓа од загаден извор или ако не се чува исправно, може да биде причина за појава на инфекција со паразити, колера, смртоносна дијареја, тифус, хепатитис и други инфекции.


ВНИМАВАЈ НА ИСХРАНАТА
Невозможно е да бидеш здрав ако не се храниш здраво. Затоа треба да јадеш разновидна храна богата со витамини. Обрни внимание колку сол, масти и шеќери внесуваш со храната и внимавај да не се прејадуваш. Во исхраната вклучи најразлично овошје и зеленчук.

БИДИ ФИЗИЧКИ АКТИВЕН
Без разлика на твојата возраст, за да бидеш во добра форма, треба редовно да вежбаш. Многу луѓе денес не вежбаат доволно


СПИЈ ДОВОЛНО
Недостатокот од сон е поврзан со зголемена тежина, депресија, срцеви болести, дијабетес и трагични несреќи.