Плакат за протести: Македонија е крволочен ѕвер а Грција жртва што се брани

„Комитите ни се пред врата. Ѝ требаш на Македонија. Сега сите заедно“, пишува на пропагандниот плакат со кој грчките граѓани се повикуваат на неделниот протест во Атина против употребата на името Македонија од страна на Скопје.

На плакатот е прикажан див ѕвер со македонско знаме кој напаѓа девојки кои ги бранат неколку грчки мажи.

Тие заедно држат голем нож кој е вперен во дивиот ѕвер односно во Македонија.

Протестот е поддржан од грчката црква, политички партии и невладини и спортски организации.

Досега никој во Грција не го осуди говорот на омраза против Македонија.

На предходниот протест во Солун учествуваа меѓу 50 и 70 илјади луѓе. Сега се очекуваат околу 1 милион.