Изабела и Габриела Шипли станаа најпознатите близначки на светот. Тие воодушевија милиони луѓе со својата убавина, но и со својата различност.

Додека некои се прашуваат како е тоа можно, нивната мајка Клементина објаснува дека Изабела и Габриела се двојајчани близнаци и дека најверојатно поради тоа не се идентични.

Освен по бојата на кожата девојчињата се разликуваат и во бојата на очите, а токму овие разлики ги прават вистински мали ѕвезди.

Се започна со објавување на фотографии на Instagram кога луѓето почнаа да им даваат разни комплименти.

„Луѓето кои ги следат нашите најави на Instagram ни испраќаат поддршка и љубов секој ден“, вели гордата мама Клементина.