Двојката која ги има титулите Војвода и Војвотка од Кембриџ, минатиот месец објави дека Кејт е бремена и страда од утринска мачнина, но датумот на пристигнување на приновата не го обејавија.

Во кратката изјава, Кралскиот кабинет на Кенсингтонската Палата сега соопшти дека бебето, кое ќе биде петто во линија за наследник за круната, се очекува во април.

Во понеделникот Кејт по втор пат излезе во јавност откако беше објавена нејзината бременост. Учествуваше на хуманитарен настан на железничката станица Падингтон во Лондон.