Потребни состојки :
-30 полжави
-2 главици кромид
-масло
-брашно
-оцет
-сол
Начин на подготовка :

3а јадење се употребуваат затворени, големи лојзарски полжави на чија предна страна се наоѓа бела кожичка. Полжавите ставете ти во тенџере, налејте ти со вода и варете ги околу половина час. Кога полжавите ќе се сварат исцедете ја водата, извадете ја кожичката и извадете ги од кукичката со игла за плетење или со некоја жичка. Отсечете ги краевите (главите и опашките) измијте ги и ставете ги во оцет да стојат околу половина час. Во меѓувреме исечкајте го кромидот и пропржете го на масло, додајте малку брашно црвен пипер и уште малку пропржете. Додајте потоа вода, посолете по вкус, ставете ти полжавите и варете ги уште десетина минути.