Паника го зафати фудбалскиот дел од Париз по новата повреда на клучен играч на ПСЖ. Имено синоќа во мечот против Олимпик Марсеј (3-0) од купот на повреда се пожалил и Килиан Мбапе, по што на полувремето го напуштил мечот. Тренерот Унаи Емери вели дека нема точна дијагноза и дека не знае дали е нешто сериозно, но на Паркот на Принцовите сега се многу внимателни бидејќи до пред два дена тврдеа и дека Нејмар нема да оди на операција, а сега станува јасно дека таа тогаш веќе била закажана. ПСЖ во вторник го очекува средба со Реал Мадрид во реванш од осминафиналето во Лигата на шампионите.