Путин на божикна богослужба во Санкт Петербург

Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на полноќната божикна богослужба во црква во Санкт Петрбург во која бил крстен татко му.

„Овој празник им носи среќа и надеж на милиони верници и ги води кон духовното, како и кон вистинските традиции и го обединува народот околу вечните христијански вредности на нашата земја со многувековно културно наследство“, изјави Путин.

Премиерот Дмитриј Медведев, пак, присуствуваше на празничната богослужба во храмот „Христос Спасителот“ во Москва, пак, која ја водеше рускиот патријарх Кирил.

Покрај во Русија, стотици милиони православци денеска го слават Христовото раѓање и во Украина, Грузија, Египет, Србија, Македонија и Црна Гора, како и во православната црква на Ерусалим и во манастирите во Света Гора, односно секаде каде што се слави по стар стил, според Јулијанскиот календар.

Рождеството Христово се прослави и од илјадници верници, локални жители и туристи во Витлеем.