Кристина Јакимова, директорка на „Веибо груп“ веќе неколку часови е заложник на група работници кои веќе неколку дена протестираат поради затворањето на фабриката.
Менаџментот на компанијата минатата недела соопшти дека фабриката мора да биде затворена, затоа што веќе нема можности да функционира и да влегува во нови поголеми загуби.
Фабриката им должи една заостаната плата на работниците, кои минатата недела се закануваа дека додека не им биде исплатена заостанатата плата нема да дозволат да се изнесе ништо од фабриката.
Заложничката драма, како што пренесува порталот „Република“ почнала попладнево кога директорката заедно со уште неколку лица од менаџментот меѓу кои и турски државјани, дошле во фабриката за да ги земат документите за нејзино затворање. Но, откако влегле во фабриката која не работи од први месецов, дворот на објектот бил опколен од група на работници кои веќе неколку часа не им дозволуваат да излезат од „Веибо“.
Во продолжение неколку аматерски видеа од тоа што се случува(ло) вечерва: