Македонскиот селекторот Раул Гонзалез го објави списокот на ракометари кои се кандидати за настап на Европското првенство во Хрватска во јануари. Меѓу 28 повикани нема изненадувања, а нема ни отсуства, како што тоа беше во претходните случаи со други селектори.
На поширокиот состав се најдоа голманите: Ристовски, Митревски, Даскаловски, Цветковски и Томовски, крилата: Манасков, Георгиевски, Ојлески и Поповски и кружните напаѓачи: Стоилов, Пешевски и Маркоски.
Најголема група секако, се бековите, а покана добија Кире и Филип Лазаров, Миркуловски, Талески, Прибак, Кузмановски, Јоновски, Марковски, Крстевски, Нелоски, Велковски, Димитриевски, Танкоски, Дрогришки, Мартин Манасков и Серафимов.
Подготовките ќе тргнат по 20 декември, а во Загреб меѓу 13 и 17 јануари во рамките на групата Б не очекуваат средби со Словенија, Црна Гора и Германија.