Средбите од 5. коло во групите Е, Ф, Г и Х промовираа нови патници за осминафиналето во неколку ситуации. Во петтиот состав порано Спартак и Марибор одиграа нерешено 1-1, а подоцна во натпреварот за првото место: Севиља-Ливерпул 3-3 по што „Црвените“ се први, но не и безбедни пред последниот круг. Во конкуренцијата 6 водечкиот Манчестер Сити даде само еден гол со Феенорд (1-0) за петти врзан триумф, а Наполи го победи Шахтјор со 3-0 и ја задржа теоријата за осминафиналето. Во седмиот сегмент прво Бешикташ и Порто одиграа нерешено 1-1, па Лајпциг го прегази на гости Монако со 4-1, па Турците веќе се радуваат на првото место, а Португалците и Германците ќе решаваат во последниот круг. И уште во групата 8, Реал блесна кај Апоел 0-6 , а во дербито кое не носеше многу неизвесност поради големата разлика во освоени бодови во полза на Англичаните, во Дортмунд Тотенхем сепак ја совлада Борусија со 2-1.
Значи по Манчестер Сити и Тотенхем, нови осминафиналисти од Е-Х половината на групите се Бешикташ, Ливерпул и Реал, а три места од овие состави се слободни до 6 декември. Но во меѓувреме оваа рунда треба дасе затвори утре со нови 8 дуели.