Само еден пратеник гласал „за“ и „против“ екстерното испитување

Пратеникот на ДУИ Џеват Адеми е единствениот народен избраник кој што во својата пратеничка кариера еднаш гласал за а еднаш против ист закон, односно прво се залагал законот да се усвои а потоа го дал гласот истиот да се укине.

 

 

Џевад Адеми заедно со лидерот на ДУИ Али Ахмети се единствените пратеници на оваа партија кои што се дел и од овој состав на парламентот и од оној во април 2013 година кога законот за основно образование со кој беше воведено екстерното оценување за учениците и наставниците беше усвоен на барање на министерот за образование Панче Кралев.

 

 

 

Во април 2013 година Џеват Адеми гласал за усвојување на законот а денеска тој како дел од новото парламентарно мнозинство гласаше за укинување на законот.

За разлика од 2103 година кога Али Ахмети не бил присутен на седницата затоа што имало доволен број пратеници за усвојување на контраверзниот закон, сега лидерот на интегративците беше во собраниската сала и го даде својот глас за законските  измени со кои учениците веќе нема да бидат оценувани на крајот на учебната година.