Само 5 минути за полнење телефони

Смартфоните наскоро ќе се полнат за само пет минути, а според најоптимистичните прогнози ваквите супер ефикасни батерии може да започне да се користат веќе од следната година, пишува порталот телефони.мк

Новата технологија за брзо полнење на батериите со ултра тенки ќелии за прв пат е претставена во 2015-та година, кога израелскиот стартап StoreDot ја претстави т.н. FlashBattery на CES саемот во Лас Вегас.

Извршниот директор на компанијата StoreDot за BBC изјави дека почетокот на производството на овие батерии се очекува кон почетокот на 2018-та година, наведувајќи дека не може да обелодени кои производители се пријавиле за употреба на оваа напредна технологија. StoreDot Battery Fast Charging Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без догово