Синоќа во аргентинскиот Росарио се ожени најдобриот фудбалер на светот, а медиумите настанот го окарактеризираа како настан на годината. Лионел Меси и Антоанела Ракуцо се долги години заедно и имаат два деца, но сакаа на гламурозен начин да го заокружат чинот на венчавката.

На свадбата беа присутни голем број познати гости, главно од светот на фудбалот како Пујол, Нејмар, Алвеж. Вкупно 260 гости и уште стотина полицајци како обезбедување.