СДСМ му се закани на ДПМНЕ за Законот за јазици

Доколку нема договор со опозицијата, СДСМ ќе го гласа Законот за јазици онака како што ќе го предложи спикерот Џафери без амандманска расправа, брифираат за ТВ 24 партиски извори од СДСМ.

Социјалдемократите сметаат дека тие нема да бидат виновни за тоа затоа што одлуката за отфрлањето на 35000 амандмани на ВМРО – ДПМНЕ ќе биде на собранискиот спикер Џафери кој е единствен надлежен за тоа.

Најдоцна до понеделник се очекува уште еден последен обид за наоѓање решение со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Собраниски извори пак велат дека среда или четврток ќе биде најверојатно новиот термин кога Џафери ќе ја закаже седницата. Во вторник според информациите, ќе има и координација на која токму тоа ќе прецизира.