Серена Вилијамс ужива на својот момински викенд

Врвната тенисерка Серена Вилијамс наскоро ќе заплива во брачните води, па нејзините најблиски пријатели и организираа опуштена моминска забава.Заедно со 20 гости, меѓу кои мајка и сестра и, Серена се релаксираше во луксузен хотел во Мајами, каде посетуваше и часови по јога и медитација.

„Имаше многу изненадувања за неа во текот на викендот. Беше навистина магичен викенд исполнет со љубов за Серена“ – изјавила една од пријателките на Вилијамс за списанието People, кое ги објави фотографиите.