Се готви широка коалиција, секој ќе мора да голтне „жаба“?!

„До почетокот на летото во земјава ќе биде создадена широка коалиција меѓу сите партии што се дел од парламентот. Нивна задача ќе биде да ги протуркаат сите закони и реформи битни за европската иднина за земјата, како и најважното: да го поддржат евентуалниот компромис за името“ пишува „Независен повикувајќи се на, како што се наведува, шпекулации во политички кругови.

Маките на власта да обезбеди кворум и стабилност на Владата, недоразбирањата со законот за јазици, апсењата на пратениците и поддржувачите на опозицијата ќе влезат во пакетот преговори, при што секоја страна ќе добие нешто, но ќе мора и да голтне понекоја „жаба“ пишува весникот според кој овој „проект“ е подржан од меѓународниот фактор, кој е незадоволен од спроведувањето на реформите 3-6-9.

Во денешниот напис „Независен“ уште додава дека по решавањето на спорот со Грција, влезот во НАТО и започнувањето на преговорите за членство во Европската Унија, партиите ќе бидат „ослободени“ и наредната година, заедно со претседателските избори, би се организирале и вонредни парламентарни,

Целио текст тука.