Сириски азилант и германска полицајка во танцот за милион прегледи (видео)

Танцувањето кое стана вирален хит и кое за само еден ден го видоа милион гледачи се случи на панаѓур во неделата во Берлин. Еден од гостите меѓу 400 илјади посетители, кој е сириски азилант, погоден од музиката, се “осили” да ја покани германската полицајка на служба да заиграат. Таа е под полна опрема, значи и палка и пиштол, но тоа не и пречи да демонстрира завидна вештина и чувство за ритам.

Иако можеби за очекување беше полицајката да наиде на критики за танцот на должност, нејзиниот претпоставен по прегледувањето на видеото одушевени рече дека “тоа е совршен танц”, и додаде дека “и ние полицјаците сме само луѓе”.

https://youtu.be/ApksoB8X5TI