Си-Ен-Ен отвора ТВ канал во Албанија

Албанската градежна компанија „Генер2“ постигнала договор со американската телевизиска куќа Си-Ен-Ен за отворање 24-часовен информативен канал под име А2.

Со отворањето на партнерска телевизија на Си-Ен-Ен во Тирана сакаме да ја качиме информативната содржина на повисоко ниво и да ја смениме медиумската реалност во Албанија, изјави директорот на Генер2, Башким Улај, кој договорот го потпиша со претставниккот на Си-Ен-Ен, Грег Бајтчман, пренесуваат медиуми.

Целна група ќе бидат гледачите во Албанија, но и во соседството.

Отворањето на оваа телевизија во Албанија следува по отворањето на телевизијата Н1 со седиште во Белград, Загреб и Сараево, која исто така има договор за партнерство со Си-Ен-Ен.