Собраниското обезбедување одби наредба од спикерот Талат Џафери (видео)

Припадниците на собраниското обезбедување ја одбија директната наредба од првиот човек на Собраннието Талат Џафери и не го одстранија пратеникот Влатко Ѓорчев од говорницата во законодавниот дом.

Само еден од нив пријде кон говорницата по барањето од Џафери но беше спречен во тоа од пратениците Илија Димовски, Антонио Милошоски и други колеги од ВМРО – ДПМНЕ.

Џафери побара да биде одстранет Влатко Ѓорчев затоа што не побарал збор.

Ѓорчев во процедуралното јавување побара Собранието да започне вонредна седница за еколошката катастрофа во Струга.

видеото е на ТВ Нова