Јапонскиот електронски гигант Сони ја претстави новата верзија на роботско куче на интернет, а истото е опремено со вештачка интелигенција. 2018 година е година на кучето според во кинескиот и јапонскиот хороскоп.

Новото робот куче со име Aibo ќе се продава во Јапонија од јануари. Тоа е со крем боја, долго е 30 сантиметри со црни уши, со опашката може да мафта, а со очите да изразува емоции.

Aibo исто така е опремен со голем број сензори, камери и микрофони, а интернет конекцијата му овозможува на неговиот сопственик да се поврзе со него далечински преку паметен телефон.

Првото Aibo кое беше лансирано во јуни 1999 година, имаше огромен успех, а 3.000 копии беа продадени во Јапонија само за 20 минути и покрај високата цена од 1.900 евра.