Српски пратеник: Заев дојде како нечиј мегафон за нешто да ни порача

Владимир Ѓукановиќ, пратеник на владеачката Српска напредна странка на претседателот Александар Вучиќ, ја оцени посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Белград како протоколарна.

„Ние не знаеме со кого треба да ги поправиме односите, бидејќи утре Македонија ќе си го смени името и прашање е дали во идното име на оваа држава ќе се спомнува Македонија. Со сета почит, мислам дека Заев дојде како мегафон на некои сили за нешто да ни порача. А разговорите за развивање на економската соработка тука доаѓаат како про форма“, изјави Ѓукановиќ на ТВ Коперникус.