Средбата на Холандија и Шведска (2-0) одиграна синоќа на Амстердам арена е последната во репрезенативната кариера на Ариен Робен. Крилниот напаѓач на „лалињата“ даде два гола и потоа соопшти дека тука завршува неговата ера и дека поради честите повреди мора да се повлече. „Стаклениот човек“ како што го нарекоа новинарите Робен одигра 96 средби за Холандија во кои даде 39 гола, а имаше и 29 асистенции.