Страотен масакр врз жена во Индија

23 годишна жителка на Делхи вчера била силувана од група мажи, по што истите ја претепале со цигли и ја оставиле во надвор од градот, каде кучиња скитници ја растргнале до непрепознавање. Инцидентот кој ја запали Индија е нов во серијата насилства врз жените во овој дел од светот и го потврдува вкоренетиот став за жените како второкласни битија.

Полицијата која има двајца уапсени, во меѓувреме соопшти дека силувањето во кое учествувале најмалку четворица мажи не било предизвикано со ништо, а дека убиството се случило кога жртвата се заканила дека ќе ги пријави насилниците.

“Кога им рекла дека ќе ги тужи, тие постапиле страшно” вели началникот на полицијата Ешвин Шенви, кој додава дека по бруталноста овој случај се издвојува, но дека силувањата се редовна појава во Индија.