Одлука да бидат екстрадирани во Македонија донесе Судот во Солун, за поранешните разузнавачи на УБК Горан Грујевски и Никола Бошковски.
Одлуката беше донесена на 22 декември, но беше соопштена дури денеска, зашто грчките власти не можеле да обезбедат преведувач кој ќе им ја прочита пресудата на обвинетите уапсени во октомври кога со фалсификувани бугарски пасоши пробале преку аеродромот во Солун да да одлетаат за Будимпешта.
Судот во Солун четири пати го одложуваше рочиштето.
Тие, од Специјалното јавно обвинителство во Скопје се барани во врска случајот „Тврдина 2“.
Грујевски и Бошкоски пред грчките власти се пожалија и бараат азил поради „политички прогон“ во Македонија и бараа да не бидат екстрадирани поради страв за своите животи.
Овој пат, мерката „екстрадиција“ нема да биде веднаш спроведена поради правото на на жалба од Грујовски и Бошковски.
Грчкиот портал „Вориа“ известува дека по објавувањето на пресудата двајцата обвинети поднеле жалба против одлуката на судот за случајот да биде разгледан во Врховниот суд во Атина.