СЈО се сомнева дека Кочан е болен, бара нов притвор

Специјалното јавно обвинителство се сомнева во тоа дека бизнисменот Сеад Кочан е сериозно болен. Обвинителот Гаврил Бубевски побара судот да ја преиспита медицинската документација која била доставена од адвокатите на Кочан. Од СЈО побарале пред истажниот судија да дојде лекарот кој го лекува сопственикот на „Трансмет“ и лично да објасни каква операција му направил. Судот одби.

„Во извештајот се наведува дека има стент ставено. Вчера му е напаравенa коронографија. Реагирав дека тоа можеби е само рутинска интервенција. Меѓутоа, немав сигурен податок дали лицето не може да се појави пред суд и токму поради тие причини барав лекарот да дојде и да ја образложи неговата здравствена состојба“. – изјави Гаврил Бубевски, СЈО

Адвокатот на Кочан, Никола Додевски обвини дека преку медиумите и преку решението за притвор се води хајка против сопственикот на „Трансмет“. Додевски соопшти дека Кочан бил толку долго на „службен пат“ поради здравствени проблеми. Одбегна да одговори дали постои друг случај како овој каде со одлука на Врховен суд е ослободен бегалец, а на штета на обвинителството. Според него „Никогаш не постоела ваква јавна хајка за предмети кои во јавността не треба ниту да се изнесуваат”.

Кочан се врати во Македонија откако повеќе од 60 дена беше на наводен службен пат. Побегна од земјта откако му се одреди привор, а се врати откако Врховен го укина. Глваната улога во скандалозната одлука на Врховниот суд ја има кумот на екс спиекрот Трајко Вељаноски, Јово Вангеловски. Притворот беше укинат откако скрои совет по негов мерак и осигура дека врховните судии ќе ја поништат одлуката на Кривичниот и на Апелацискиот суд кои одредија притвор за Кочан. Сеад Кочан е осмничен дека со лажни документи добил тендер од државата во вредност од над 17 милиони евра пишува алсатм.